МВР гарантира безбедни и фер избори: На терен мобилни тимови, полиција и дронови за контрола

Министерството за внатрешни работи  соопшти дека континуирано презема мерки и активности за непречено и безбедно спроведување на „Локални избори 2025“, со цел гарантирање на фер и демократски изборен процес.

​На денот на изборите, полициски службеници ќе бидат присутни во близина на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки. За зголемена ефикасност и брза реакција, МВР ќе користи стандардни материјално-технички средства, мобилни тимови и пунктови, како и современа технологија – дронови за воздушна контрола.

​МВР апелира до сите граѓани и политички партии да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.

​Во текот на изборниот ден, МВР ќе ја информира јавноста за одвивањето на процесот.