МВР демантира: Полицијата не го спречила влезот во Кочани за „Маршот на ангелите“

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска ги демантираше информациите што се појавија во дел од порталите и на социјалните мрежи, а во кои се тврдеше дека полицијата им забранила влез на граѓаните во Кочани за да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите“.

​Од МВР категорично ги отфрлаат обвинувањата, истакнувајќи дека ниту еден граѓанин не бил спречен да влезе во градот.

​„Напротив, ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани. Со цел остварување на своите законски надлежности, меѓу кои и безбедно одвивање на протестот „Маршот на ангелите”… СВР Штип вршеше редовни контроли на сообраќајот на подрачјето на СВР Штип, вклучувајќи го и градот Кочани“, се вели во соопштението.

​Министерството нагласува дека на ниту еден граѓанин не му било скратено правото на слободно учество на протестот и дека контролите траеле само „нормално потребното време“.

​На крајот од соопштението, МВР апелира до јавноста да не се шират дезинформации што го вознемируваат народот.