МВР: Началникот на ОВР Демир Хисар ќе биде разрешен поради непрофесионално однесување

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека Одделот за внатрешна контрола констатирал непрофесионално и неетичко однесување на началникот на Одделението за внатрешни работи (ОВР) Демир Хисар, по извршените проверки во врска со објавеното видео од претрес во тој град.

​Како резултат на направените констатации, против началникот е покрената дисциплинска постапка. Со цел да се обезбеди целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведеното лице ќе биде разрешено од функцијата.

​МВР нагласува дека го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување и истакнува дека улогата на полицијата е да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните.