МВР се оградува од случајот на Ивановска: Не водиме постапка против неа

​ВР се оградува од случајот на Ивановска: „Не водиме постапка против неа“ По изјавите на Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска и актуелна кандидатка за градоначалник на Општина Центар, дека полицајци ѝ тропнале на врата, Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со соопштение во кое ја информира јавноста дека против неа не води никаква постапка.

​Во кусата изјава, од МВР потенцираат дека за сите пријави и постапки што ги води Обвинителството, тоа е единствено надлежно за давање одговори. Со ова, Министерството се оградува од случајот и го префрла товарот на одговорност на Основното јавно обвинителство.

​Ова соопштение доаѓа откако Ивановска денеска јавно објави дека по 11 часа од објавувањето на нејзината кандидатура, полицијата ѝ дошла на врата за да ѝ врачи покана за испитување од Обвинителството, што таа го протолкува како притисок.