Менди Ќира самоуверен: Немам противкандидат – затоа сум најдобар за Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќира, во гостување во емисијата „10 МИНУТИ“ на ТВ21, самоуверено изјави дека е сигурен во победа, посочувајќи дека неговата предност е јасна бидејќи сè уште нема објавен противкандидат.

„Самата фактичка состојба дека нема противкандидат покажува дека јас сум најдобриот избор за граѓаните“, истакна Ќира.

Меѓу проектите кои ги најави за реализација доколку го добие мандатот, тој го посочи планираниот пат што ќе ги поврзе руралните подрачја со градот, конкретно сообраќајница од Долгошди до центарот на Струга. Ќира изјави дека веќе обезбедил материјални средства за тој проект.

„Имам пари, имам план и верувам дека ќе го реализирам“, рече тој.

Дополнително, фокус стави и на изградба на подземни паркинзи за иселениците и туристите, кои би се реализирале преку модел на јавно-приватно партнерство.

„Во фокусот ми се модерни, подземни паркинзи кои ќе ја олеснат гужвата во градот, особено во летниот период“, додаде Ќира.