АД МЕПСО направи уште еден стратешки чекор напред – во трансформаторската станица Дуброво пристигна новиот 400/110 kV трансформатор, капитална инвестиција која ќе донесе значајно подобрување на стабилноста, сигурноста и квалитетот на снабдувањето со електрична енергија.
Со оваа испорака, се отвора патот за:
- Подобрување на напонските прилики
- Сигурна и доверлива мрежа
- Полесна интеграција на обновливи извори
- Квалитетна струја за граѓаните и стопанството
Оваа инвестиција е дел од поголема стратегија за градење на современа и отпорна електроенергетска инфраструктура – основа за нови инвестиции, економски развој и поквалитетен живот за сите нас.
Во наредните денови започнува инсталацијата на трансформаторот, кој ќе даде нова сила на една од најважните станици во земјава