Во наредните денови во земјата ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а од недела се очекуваат нестабилности со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Детална прогноза
Сабота (16.08): Променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне се очекува локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурите ќе се движат од 10 до 19°C наутро, а максималната дневна ќе биде од 29 до 36°C.
Недела (17.08): Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Понеделник и вторник (18-19.08): На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локални невремиња со засилен ветер и појава на град.
Времето во Скопје
За Скопје се најавува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 18°C, додека максималната дневна ќе достигне до 36°C.