Мециновиќ: Велосипедот е стил на живот, најавуваме мрежа на патеки и систем за изнајмување

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека велосипедот е повеќе од предизборна тема – тој е „супер-ефикасно превозно средство и крајно – стил на живот“.

​Мециновиќ, кој доаѓа од советничката група која се избори за субвенционирани велосипеди за социјално ранливи категории, најави нов концепт за развој на велосипедската култура во градот, фокусиран на четири клучни точки:

  • ​Вмрежување на сите велосипедски патеки во една целина.
  • ​Обезбедување на паркинзи за велосипеди.
  • ​Ослободување на јавните простори.

​Воведување модел за изнајмување градски велосипеди за скопјани и за сите посетители на градот.