Мециновиќ: Кампањата се сели на улиците, ќе бидеме со граѓаните од сабајле до вечер

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, на средба со граѓани на улица „Македонија“ најави дека и покрај забраната за рекламирање во медиумите, неговата кампања ќе продолжи интензивно на терен.

​Мециновиќ истакна дека следните дваесет дена ќе ги помине на улиците на Скопје, „од сабајле до вечер, без бини, без гламурозни манифестации“.

​„Секој скопјанец ќе може да дојде и да разговара со нас, затоа што, конечно, градските власти и после изборите треба да се вратат потполно доле на теренот и да разговараат со луѓето за нивните проблеми,“ рече Мециновиќ.

​Тој заклучи дека на градот не му се потребни „прескапи студии“, туку „политичари кои се помеѓу својот народ“ за да го „опипаат нивниот пулс“ и да ги дадат вистинските решенија.