Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, изјави дека Скопјани не можат да си дозволат домови во градот поради „нехуманата урбанизација“ и високите цени на недвижностите.
Мециновиќ нагласи дека граѓаните се соочуваат со недостаток на јавен превоз и јавни површини, што им го отежнува движењето и социјализирањето во градот. Според него, ова е резултат на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои, како што рече, креираат Генерален урбанистички план за фирмите на нивните донатори и соработници.
„Животот во Скопје не мора да биде ваков, но политичарите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ токму тоа и го сакаат. За да можат од секоја потреба на граѓаните, да направат за себе чист, сиров кеш и да ни го трошат достоинството во изгубени години и прилики“, истакна Мециновиќ.