Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на улицата „Бајрам Шабани“ во населбата Гази Баба во Општина Чаир.
Проектот, поддржан од Министерството за животна средина, е вреден над 6 милиони денари и вклучува изградба на нов цевковод со должина од 235 метри. Новата мрежа со профил DN 280 мм ќе ја замени дотраената, со што ќе се реши проблемот со честите прекини во водоснабдувањето.
„Со оваа интервенција се елиминираат честите прекини и недоволното снабдување, обезбедувајќи стабилна вода за пиење со подобрен притисок долж целата улица“, изјави Меџити, кој се сретна и со жителите на населбата.
Проектот се реализира во соработка со Општина Чаир, со цел да се гарантира постојан и квалитетен пристап до вода за пиење за жителите од оваа област.