Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, изјави дека кандидатот за градоначалник на ДУИ, Бујар Османи, се сретнал со Никола Груевски во Унгарија. Според Меџити, средбата не била официјална, туку приватна.
„Бујар Османи бил во Унгарија и се сретнал со Груевски барем еднаш, бил таму заедно со неговото семејство и доказите наскоро ќе излезат на виделина“, изјави Меџити за медиуми на албански јазик.
Меџити смета дека со изговорот дека средбите се класифицирани информации, Османи индиректно ја признава средбата.
Оваа изјава на Меџити доаѓа по бројните реакции во јавноста откако Османи на прес-конференција индиректно призна дека имало средба, а подоцна на Фејсбук ја негираше.