Кандидатот на коалицијата „Влен“ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го претстави новоизграденото кошаркарско игралиште во населбата Гази Баба. Тој оцени дека овој проект е конкретен чекор за развој на младите и поттикнување на спортските активности во заедницата.
„Новото кошаркарско игралиште што штотуку го изградивме ќе биде место каде што нашите деца ќе растат во духот на натпревар, тимска работа и успех“, истакна Меџити.
Тој потенцираше дека преку овие инвестиции се создаваат простории кои им даваат живот на населбите и го зајакнуваат чувството на заедништво.
„Ние веруваме во младите на Гази Баба. Затоа инвестираме во спортска инфраструктура, во простории кои внесуваат живот во нашите маала… Кошаркарското игралиште е само почеток. Големата победа е онаа на Чаир,“ потенцираше Меџити.