Првиот вицепремиер Изет Меџити, гостувајќи во емисијата „Топ тема“, изјави дека прв добил понуда да ја напушти коалицијата ВЛЕН и да се врати во ДУИ. Според него, посредници му понудиле да се врати во партијата, уверувајќи го дека Артан веќе нема влијание, ДУИ ќе се „прочисти“, Ахмети ќе се повлече, а тој ќе помогне во преземањето и реформирањето на партијата.
– Имаше обиди за поделба на ВЛЕН. Јас ја добив првата понуда преку посредници: ми рекоа да се вратам во ДУИ, дека Ахмети ќе се пензионира, а партијата ќе се реформира. Но, не прифатив. Избрав да бидам дел од промените со ВЛЕН – рече Меџити.
Тој додаде дека Арбен Таравари прифатил некаква понуда и порача дека треба отворено да соопшти пред јавноста за што точно се договорил.