Меџити: Охридскиот договор носи еднаквост меѓу граѓаните

​Првиот вицепремиер Изет Меџити денеска, по повод 24-годишнината од Охридскиот рамковен договор, изјави дека духот на договорот ќе донесе еднаквост помеѓу сите граѓани, односно меѓу Албанците и Македонците.

​„Мислам дека духот на Охридскиот договор ќе донесе еднаквост меѓу граѓаните, меѓу Албанците и Македонците. Да се разбере дека сме заеднички основачи на оваа држава. Да ја градиме заедно, односно за доброто на државата и нашите граѓани“, рече Меџити.