По одлуката на 12 мај 2025 година, крилото на Алијансата за Албанците (АА), предводено од Арбен Таравари, ја напушти Владата на Република Македонија. Веднаш потоа, Изет Меџити, лидерот на Демократското движење – Вреди, остро реагираше преку објава на својот фејсбук-профил.
Меџити во својата објава директно му се обрати на Таравари:
„Ти не ја донесе промената – ја попречи. Не се враќаш кај народот – се враќаш на ‘црната листа’. Не ја напушти Владата – ја предаде. Не го претставуваш духот на членството на АА – го изневери.“
Тој продолжи со остри зборови, велејќи дека Таравари не е херојот на оваа историја, туку разочарувањето на секој Албанец, без разлика на професија или општествен статус: „Интелектуалец или работник, маж или жена – сите кои веруваа во промени, денес се чувствуваат изневерени.“
Во својата објава, Меџити ги повика сите разочарани активисти, симпатизери и гласачи на АА да се приклучат на „Вреди“, нарекувајќи го своето движење „политичкиот компас на промените“. „Дојдете со нас!“, заврши тој.