Меџити: Чаир ќе го чуваме, градиме и ќе го направиме уште поубав

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, синоќа оствари средба со жителите на општината во домот на семејството Абдулаи. Тој истакна дека Чаир е „скапоцен дијамант“ кој мора да се зачува од „злоупотребувачи и измамници“.

​Меџити порача дека со граѓаните ќе работат „од куќа до куќа, од маало до маало“ кон, како што рече, „големата победа на 19 октомври“.

​„Чаир го имаме само еден и затоа ќе го чуваме, ќе го градиме и ќе го направиме уште поубав – далеку од злоупотребувачите, измамниците и оние што го гледаат Чаир како плен“, истакна Меџити.

​Тој им се заблагодари на жителите за тополиот пречек и поддршка, изразувајќи уверување дека на 19 октомври Чаир ќе извојува победа.