Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, и В.Д директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот има за цел да обезбеди државно земјоделско земјиште за стопанско-инструкторските одделенија во казнено-поправните установи. На тој начин, осудените лица ќе можат да се стекнат со практични вештини во земјоделството.
Оваа иницијатива се смета за значаен чекор во процесот на ресоцијализација и професионална обука. Соработката ќе придонесе за подобрување на условите во затворите и ќе им помогне на осудените лица полесно да се вратат во општеството по отслужувањето на казната.