Миа Костова: „Шанел ташна покри трагедија“

Влијателната инфлуенсерка Миа Костова на својот профил ја коментираше актуелната состојба во општеството, нагласувајќи ја разликата во вниманието што јавноста им го посветува на важните и на неважните настани.

​Костова истакнува дека двојното убиство и самоубиство брзо било заборавено, додека главна тема на дискусија станала чантата и часовникот „Картие“ на инфлуенсерката Елена, чија вредност се претпоставува дека е помеѓу 5.000 и 30.000 евра.

​„Тоа е сѐ што треба да знаете за природата на овој народ“, напиша Костова.

​Таа заклучува дека „Шанел ташна покри трагедија“, а „Картие часовник покри илјадници постови за психопат кој живеел меѓу нас“, повикувајќи на размислување за приоритетите на општеството.