Милан се подготвува да го донесе Влаховиќ за 15 милиони евра и Салемакерс

Душан Влаховиќ најверојатно ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во Милан. Иако Јувентус првично ја одреди цената за српскиот напаѓач на 30 милиони евра, италијанските медиуми пренесуваат дека клубот ќе го пушти за значително помала сума.

​Според информациите, Милан му понудил на Влаховиќ плата од 6 до 7 милиони евра, додека Јувентус ќе добие 15 милиони евра и играчот Алексис Салемакерс. Ова е значително пониска цена во однос на 81,6 милиони евра што Јувентус ги плати на Фиорентина во 2022 година.

​Со евентуалниот трансфер, Влаховиќ повторно би се сретнал со својот поранешен тренер, Масимилијано Алегри, кој сега го води тимот на Милан.