На нешто повеќе од еден час пред почетокот на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за пласман на СП 2026, селекторот Благоја Милевски го објави стартниот состав на македонската репрезентација.
Како што се очекуваше, Милевски се одлучи за офанзивна формација со цел да се обезбеди нова победа. Во нападот ќе играат Миовски, Трајковски, Елмас и Чурлинов.
Стартен состав
- Голман: Димитриевски
- Одбрана: Илиевски, Стојчевски, Зајков, Алиоски
- Средина: Алими, Барди, Елмас, Чурлинов
- Напад: Трајковски, Миовски
Натпреварот започнува во 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Со евентуална победа, Македонија ќе се врати на лидерската позиција во квалификациската група Ј.
Првиот канал на националниот сервис ќе врши пренос од натпреварот.