Милинковиќ-Савиќ на чекор до Наполи – трансфер вреден 18 милиони евра

Српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ е на чекор до официјален трансфер во редовите на Наполи. Според извештаите од италијанските медиуми, 27-годишниот чувар на мрежата на Торино веќе се договорил со актуелниот италијански шампион, а договорот ќе биде со важност до 2029 година.

Преговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза и се очекува зделката наскоро да биде официјализирана. Наполи е подготвен да плати 18 милиони евра за неговите услуги, со што ќе добие сигурна опција меѓу стативите за наредните сезони.

Во својата досегашна кариера, Милинковиќ-Савиќ има настапувано за неколку клубови: Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, СПАЛ и Торино, а зад себе има и повремени настапи за српската репрезентација.