Министерот Алиу во Тетово: Инвестиции од 70 милиони евра за Клиничката болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа работна средба во Тетово, на која присуствуваа директорот на Клиничката болница, Ерзен Елези, и градоначалникот Биљал Касами. Главна тема на состанокот беа инвестициите во инфраструктурно унапредување на болницата, како и плановите за нови вработувања.

​Министерот Алиу најави дека Владата одобрила инвестиција од над 70 милиони евра за тетовскиот кампус. Оваа сума е наменета за изградба на два нови павилјона за онкологија, инфектологија, дерматологија, психијатрија и гинекологија. Исто така, средствата ќе се искористат за реконструкција на постојните хируршки и интернистички блокови и за целосно уредување на болничкиот двор.

​Работната група ќе подготви извештај за потребите на болницата, врз основа на кој ќе се буџетираат сите неопходни инвестиции.

​Во однос на вработувањата, Алиу информираше дека постапката за пополнување на постоечкиот конкурс е во тек, но поради законските пречки пред локалните избори, последниот чекор ќе се реализира по нивното завршување.

​Министерот додаде дека анализите покажуваат потреба од околу 300 нови вработувања во болницата, по што ќе се отвори нова постапка за вработување.