Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, иницираше сериозен институционален процес за заштита на македонскиот рубин, единствен геолошки уникат кој се наоѓа само во Прилеп и Мариово.

На состанок со претставници од Геолошкиот завод и Заводот за индустриска сопственост, беа дефинирани конкретни чекори за да се обезбеди официјален статус на рубинот како заштитено национално минерално наследство.
Македонскиот рубин е единствениот природен рубин во копнена Европа што се вади и обработува локално.
Познат е како корунд со карактеристична малиново-розова боја, која доаѓа од присуството на хром.
На состанокот присуствуваше и Деко, долгогодишен промотор на македонскиот рубин, кој го претстави неговото историско значење.
Министерката Божиновска изјави дека ова е само почеток на поширок процес за заштита, вреднување и меѓународна промоција на македонското минерално богатство како дел од националниот идентитет.