Министерството за финансии исплати нова транша од 11,3 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании

​Министерството за финансии соопшти дека е исплатена петта транша во износ од 700,9 милиони денари (11,3 милиони евра) кон Развојната банка. Овие средства се наменети за поддршка на домашните компании.

​Трансферот на средствата е извршен од Буџетот, по доставено барање од Развојната банка и по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Во Буџетот за 2025 година, за поддршка на домашната економија се проектирани вкупно 250 милиони евра.

​Досега, кон домашните компании се префрлени пет транши во вкупен износ од 171,1 милион евра. Средствата се обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка, со цел да се пласираат средства по поволни услови за инвестиции во приватниот сектор. Според Министерството, досега искористеноста на оваа кредитна линија од страна на домашните компании е 68%.