Миовски се враќа во Шкотска, се сели во Глазгов Ренџерс

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски се враќа во Шкотска, откако шпанскиот клуб Џирона и Глазгов Ренџерс го договориле неговиот трансфер. Миовски ќе потпише за „полицајците“ по завршувањето на лекарските прегледи, кои се најавени за крајот на денот.

​Откако две сезони блескаше во дресот на Абердин, постигнувајќи 44 гола, Миовски минатото лето се пресели во Шпанија за да игра во Лигата на шампионите. Џирона го купи за 8.500.000 евра.

​Сепак, сезоната во Каталонија не беше успешна за него. Постигна само четири гола на 25 натпревари, а речиси не играше во вториот дел од сезоната поради повреди и одлука на тренерот. Иако беше стартер во првото коло од новата сезона, веќе во второто коло не беше во составот, со што стана јасно дека клубот не смета на него.

​Џирона реши да го продаде напаѓачот, а Глазгов Ренџерс за трансферот ќе плати 5.000.000 евра.