Мирослав Лабудовиќ избран за претседател на Градската организација – Скопје на Движењето ЗНАМ

Во Скопје официјално се конституираше Градската организација на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, како дел од проширувањето и структурирањето на оваа нова политичка сила на локално ниво. За претседател на организацијата е избран Мирослав Лабудовиќ, магистер по електроника и информатички технологии и актуелен заменик министер во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Во состав на Градскиот одбор се избрани следните членови:

  1. Горан Ајдински – редовен професор на Филозофскиот факултет
  2. Силвана Кржовска – дипломиран професор по географија
  3. Горанчо Котески – генерал во пензија
  4. Билјана Андреска Богданоска – доктор на економски науки
  5. Ѓоко Буневски – дипломиран земјоделски инженер по сточарство
  6. Радмила Чрчева Николова – вонреден професор на Факултет за ветеринарна медицина
  7. Александра Цветановска – магистер по право од областа на деловно право
  8. Јорданчо Давитков – поранешен македонски кошаркар, репрезентативец, тренер и селектор
  9. Мире Јанев – Институт по географија при ПМФ – Скопје
  10. Љупчо Марковски – поранешен фудбалер, капитен на ФК Вардар и македонската репрезентација
  11. Крумислав Барзов – магистер по спортски менаџмент
  12. Ѓорѓи Чековски – поранешен кошаркар и репрезентативец, член на КФМ
  13. Милан Јакимовски – сообраќаен техничар
  14. Александар Темелковски – дипломиран економист
  15. Владимир Гиновски – магистер за квалитет и безбедност на храна
  16. Луција Кировска Стефановска – дипломиран правник и историчар на уметноста со археологија
  17. Виктор Величковски – машински техничар за шински возила
  18. Елена Милановска – правен техничар
  19. Ивица Арсовски – економски техничар
  20. Марија Тодороска – дипломиран професор по биологија и хемија
  21. Мартин Трајчевски – дипломиран правник
  22. Владимир Стојановски – дипломиран економист
  23. Марија Кирјас – дипломиран професор по македонски јазик и книжевност
  24. Виктор Каранфиловски – дипломиран професор по англиски јазик
  25. Кирил Сливовски – лекар по општа медицина
  26. Руска Хаџимитрева – дипломиран градежен инженер
  27. Нико Николовски – факултет за детективи и безбедност при Европски универзитет – Скопје
  28. Ангела Саздова – Донева – магистер по економски науки
  29. Тарик Шаботиќ – студент на Балкански Универзитет
  30. Мирсат Бахтијар – стручно образование

За членови на Градскиот надзорен одбор избрани се:

  1. Катерина Марковиќ Јанковска – дипломиран правник
  2. Катица Блажеска – дипломиран правник
  3. Никола Белимов – дипломиран правник
  4. Ивана Илиев – магистер по правни науки
  5. Ивана Кузманоска – дипломиран правник

Со ова, Градската организација на Движењето ЗНАМ – Скопје започнува со активно делување, најавувајќи засилени активности, програми и проекти насочени кон граѓаните на главниот град. Составот, кој опфаќа експерти од разни области, говори за стремежот на движењето кон квалитетна и компетентна локална политика.