​Мирослав Лабудовиќ со честитка за 8 Септември

По повод 8 Септември – Денот на независноста, заменик-министерот за енергетика и кандидат за градоначалник на Општина Центар од ЗНАМ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Лабудовиќ, упати честитка на својот Фејсбук профил.

​Во својата објава, Лабудовиќ нагласи дека вистинскиот патриотизам се покажува со градење на подобра и попросперитетна држава.

​„Само ако изградиме подобра, почиста, попросперитетна, поправедна држава за нас и нашите деца, по 5 или 10 години отсега ќе имаме право да кажеме дека навистина ја сакаме Македонија. Сè останато се празни фрази за еднократна употреба“, напиша Лабудовиќ.

​Тој додаде дека верува оти подобар живот започнува од секоја улица и секое маало, и дека граѓаните можат да постигнат повеќе со одговорно и паметно работење.