Мирче Калајџиески го продолжи договорот со Е. Пелистер до 2029 година

Ракометниот клуб Е. Пелистер денеска објави дека го продолжил договорот со играчот Мирче Калајџиески. Новиот договор го врзува средниот бек со битолскиот тим најмалку до 2029 година.

​Калајџиески дојде од Словенија и веднаш се наметна во тимот на Е. Пелистер 2, со кој избори промоција во Суперлигата за сезоната 2025/26. Од оваа сезона тој е стандарден член на првиот тим, предводен од тренерот Рубен Гарабаја.

​Продолжувањето на договорот со Калајџиески следи по неодамнешното продолжување на договорите со браќата Атанасијевиќ.