Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Влатко Митовски, ја претстави својата визија за населеното место Алија Авдовиќ, нагласувајќи дека е време да го добие заслужениот развој. Тој најави неколку клучни проекти кои директно ќе го подобрат секојдневието на граѓаните.
Митовски како најзначаен проект ја истакна изградбата на целосно нова детска градинка со капацитет за 160 деца.
„Оваа инвестиција ќе им обезбеди на најмладите современи услови и ќе им го олесни секојдневието на родителите,“ изјави Митовски.
Покрај ова, тој најави и решавање на долгогодишните комунални проблеми:
- Ќе се изгради фекална канализација со што конечно ќе се реши едно од најголемите комунални прашања во населбата.
- Ќе се уреди каналот кој со години претставува проблем за жителите.
- Улиците 22 и 28 ќе бидат целосно реконструирани и асфалтирани, со цел побезбедно и поуредно движење.
- Со комплетна санација на водоводната линија во Каменик, ќе се обезбеди стабилно и квалитетно водоснабдување за сите домаќинства.
Митовски нагласи дека ова не се празни ветувања, туку план за модерна, уредена и достоинствена заедница. „Алија Авдовиќ заслужува да оди напред, затоа што сите ние се бориме за нашиот дом,“ заклучи тој.