Митовски одржа средби со граѓаните во Ченто, вети урбанизирана и безбедна Гази Баба

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски, одржа две маалски средби со жителите од населбата Ченто, во делот кај последната автобуска станица на линијата 45.

​Граѓаните ги изнеле своите барања за подигнување на квалитетот на животот во општината:

  • ​Урбанизирани маала: Бараат модерни клупи и детски игралишта, како и уредени јавни површини и зелени зони.
  • ​Подобра хигиена: Инсистираат на решавање на проблемот со хигиената и бездомните кучиња.

​Митовски нагласи дека заедно со граѓаните креираат план за урбана, уредена и безбедна општина, каде што младите ќе сакаат да останат да живеат.