Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати на седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС), кој заседава по подолга пауза. Тој истакна дека Владата е отворена за искрен дијалог со синдикатите и социјалните партнери, и дека само со заеднички напори, насочени кон интересите на граѓаните, може да се донесат вистински и одржливи решенија.
„Ако интересот на граѓаните е поважен од личните или политичките разлики – тогаш знам дека ќе донесеме добри решенија“, порача Мицкоски, додавајќи дека разликите меѓу Владата и дел од синдикатите не треба да бидат пречка, туку мотив за поотворен и поисkрен дијалог.
Премиерот истакна дека очекува усвојување на програмата за работа на ЕСС, што според него ќе покаже дека Советот не е само формалност, туку активен механизам за социјален дијалог.
Во своето обраќање Мицкоски се осврна и на економските резултати:
Платите пораснати за 11% во мај;
БДП зголемен за 3,2% во првиот квартал – четврти најголем раст во Европа;
Индустриско производство во мај зголемено за 9,4%;
Јавниот долг намален за 4,7 процентни поени од БДП;
Еврообврзница од 1 милијарда евра целосно отплатена без ново задолжување;
Буџетски дефицит планиран под 4% од БДП;
250 милиони евра поддршка за компании, и уште толку за општините.
„Кога државата си ја исполни обврската – има право да бара одговорност и од другите“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека Владата работи тивко, но фокусирано на резултати и стабилни економски политики.
Премиерот ја заврши изјавата со порака дека чесната работа денес е единствениот пат до подобро утре.