Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека изборниот процес се одвива мирно и достоинствено.
Тој смета дека народот за време на кампањата и изминатиов период направил јасна разлика и очекува граѓаните да донесат одлука за напредок.
„Мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше. Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните“, порача Мицкоски.