Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи оддаде почит кон македонските бранители кои трагично го загубија животот кај Карпалак во 2001 година, во еден од најтрагичните настани од вооружениот конфликт.
„Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува,“ напиша Мицкоски, нагласувајќи дека жртвата на загинатите бранители треба да биде аманет за идните генерации.
„Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети,“ порача премиерот.
Мицкоски потенцираше дека Карпалак останува симбол на болка, но и на обврска – да се гради општество без омраза, поделби и неправди, во кое слободата на Македонија е неприкосновена.
„Карпалак е рана, но и аманет. Македонија никогаш нема да ве заборави,“ заврши Мицкоски во своето обраќање.