​Мицкоски на пуштањето во употреба на дел од автопатот Кичево-Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид, што го оцени како силен доказ за напредокот на Македонија.

​Во својата објава на Фејсбук, Мицкоски истакна дека овој проект со години бил „симбол на закочени и недовршени работи“. Тој нагласи дека граѓаните со право биле разочарани од застојот и од долгите градежни работи.

​„Оваа Влада не го троши времето на изговори, туку на работа. Ова е нашата визија, Македонија на дела, а не на изговори“, напиша премиерот.

​Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи со изградба на нови патишта и завршување на започнатите проекти, со цел да се отворат нови перспективи за развој во секој регион и за секој граѓанин.