Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојува во Будимпешта, каде што ќе учествува на Конзервативната политичка акциона конференција (CPAC), еден од највлијателните глобални настани за десно ориентираните политички движења.
Според најавите од владината прес-служба, Мицкоски попладнево во 15:30 часот ќе се обрати на една од клучните сесии на конференцијата.
Оваа година, CPAC ги собира водечките имиња на европската и светската конзервативна сцена, меѓу кои и премиерите Роберт Фицо (Словачка), Иракли Кобахидѕе (Грузија), како и поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш. На листата се и Матеуш Моравиецки и Јержи Квашњевски од Полска, Херберт Кикл од Австрија, Алис Вајдел од Германија, Хорхе Буксаде од Шпанија, како и влијателните американски конзервативци Бен Шапиро, Џек Пособиец и Дејвид Рубин.
Во рамки на посетата, премиерот Мицкоски ќе се сретне и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, со кого ќе разговараат за