Мицкоски: Нема покачување на цената на струјата за домаќинствата

​Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека откако е оваа Влада, нема покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Тој посочи дека ова не е случај во соседството, каде цените се покачени од 15 до 30 проценти.

​Мицкоски додаде дека, според податоците на Евростат и други параметри, Македонија има една од најниските цени на електрична енергија за домаќинствата во Европа.