Премиерот Христијан Мицкоски кусо се огласи за наводниот напад врз скопската градоначалничка Данела Арсовска, повикувајќи ги надлежните органи да постапат, без да коментира директно за неа.
— Државата има институции, ги повикувам да постапуваат по случајот. Што се однесува до градоначалничката на Скопје – многу работи се кажаа, не би имал што да додадам, изјави премиерот.
Изјавата доаѓа еден ден по тврдењата на Арсовска дека била физички нападната во скопската општина Чаир, каде, според неа, добила удари со клоци и раце.
Случајот го истражува полицијата, а јавноста чека на официјални информации од Министерството за внатрешни работи.