Македонскиот музички уметник и виртуоз на хармоника , Мишел Трајковски, го претстави своето најново музичко остварување под наслов „Rege from Gege“. Делото, придружено со импресивен видео запис, ја спојува традицијата и современите музички влијанија, создавајќи уникатен звук што остава силен впечаток кај публиката.
Автор на музиката е самиот Трајковски, додека аранжманот е заедничка креација на Дамир Имери и Мишел Трајковски. Во проектот учествува елитна екипа на музичари:
Хармоника: Мишел Трајковски
Пијано: Дамир Имери
Бас гитара: Иван Кукиќ
Гитара: Дејвид Демир
Тапани: Ристе Плуковски
Перкусии: Пате Конга
Видеото е режирано од Марјан Гавриловски, а за камерата, фотографијата и монтажата се погрижил Николај Грнчаров. Музиката е снимена и миксана во XL Studio кај Момироски, а во кадарот се појавува и Стефан Николовски.
Со маестрална изведба, богата инструментализација и визуелна продукција на високо ниво, „Rege from Gege“ претставува ново поглавје во творештвото на Мишел Трајковски и потврда за неговата посветеност кон квалитетната музика.