Поранешниот фудбалер и клупска легенда на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, остро го критикуваше напаѓачот на клубот, Винисиус Жуниор. По победата на Реал од 3:0 против Реал Овиедо, Мијатовиќ изјави дека Бразилецот не го заслужува дресот на „кралскиот клуб“ поради своето однесување.
„Некои работи не се менуваат. Сметам дека со однесувањето не заслужува да го носи дресот на Реал Мадрид. Се мотивира така што се расправа со сите. Тој е исклучителен фудбалер, но мора внимателно да процените дали вреди да се биде во клубот“, рече Мијатовиќ.
Иако Винисиус постигна еден гол на натпреварот, неговото однесување на теренот беше главна тема во шпанските медиуми.