Млада Македонка пронајдена мртва за време на одмор во Албанија

Македонија повторно е завиена во црно. Дваесетгодишна македонска државјанка, идентификувана со иницијали О.Ј., е пронајдена без знаци на живот во станот каде што престојувала на одмор во албанскиот крајбрежен град Саранда.

Трагичниот настан се случил на 26 јули, во населбата број 1 во овој туристички град. Според информациите од албанската полиција, младата девојка била пронајдена од членови на нејзиното семејство, кои ја откриле безживотното тело во станот што го изнајмиле за време на престојот во Албанија.

Првичните информации укажуваат дека не се забележани траги на насилство, но конечната причина за смртта треба да ја утврди обдукцијата. Сепак, шокот и болката кај семејството, пријателите и јавноста се неизмерни. Одмор кој требаше да биде исполнет со радост и спомени, заврши со трагедија што ќе остави празнина која никогаш нема да се пополни.

Албанските власти продолжуваат со истрагата, за да ги разјаснат сите околности околу трагичната смрт на младата девојка.

Ова е втор ваков немил настан за македонски државјани во Албанија за краток период. Пред само две недели, 66-годишен македонски турист трагично го загуби животот при давење на плажата кај Каваја, во близина на Драч.

Смртта на О.Ј. ја потсетува јавноста на кревкоста на животот и на болката која останува зад себе. Семејството и блиските молат за почитување на нивната приватност во овие тешки моменти на неизмерна тага и загуба.