Модниот бренд MITROFF ја прослави својата прва година постоење, зацврстувајќи го својот имиџ како синоним за софистициран стил и безвременска елеганција. Во текот на изминатата година, MITROFF создаваше креации кои успешно ја спојуваат современата линија со префинети детали.
Брендот нагласува дека секоја креација го отелотворува минимализмот, луксузот и женственоста, користејќи внимателно одбрани материјали, чисти силуети и беспрекорна изработка.
MITROFF продолжува да гради препознатлив потпис со модели кои не се водат по моменталните трендови, туку по идејата за мода што трае.
Со обележувањето на својот прв роденден, MITROFF ја потврди својата мисија: да им понуди на клиентите парчиња облека во кои ќе се чувствуваат сигурно, елегантно и уникатно, без разлика на пригодата.