Модриќ направи хаос во соблекувалната: Винисиус и Белингем на ударот на Хрватот по дебаклот од ПСЖ!

Легендата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, го одигра последниот меч за „кралскиот клуб“ – но наместо емотивно збогување, последниот свиреж донесе вистински потрес.

По катастрофалниот пораз од ПСЖ со 4:0, Модриќ, видливо гневен, во соблекувалната директно им се спротиставил на двајца соиграчи – Винисиус Жуниор и Џуд Белингем. Шпанските медиуми пренесуваат дека Хрватот ги обвинил за неангажираност, недостиг на жар и борбеност во најважниот момент.

„Игравте без срце, без волја – се сокривте на теренот!“, им рекол Модриќ, пред да настане краток вербален конфликт.

Иако овој натпревар требаше да биде круна на неговата ера во Реал, 38-годишниот маестро не дозволи емоциите да го сопрат да каже што мисли. Со 28 трофеи во дресот на Реал, меѓу кои 6 од Лигата на шампионите, Модриќ заминува како една од најсјајните ѕвезди во историјата на клубот.

Во следната сезона, тој ќе го засили Милан – клуб што се надева дека искуството на Модриќ ќе биде клучно за враќање на старата слава.