Поради поставување сценографија за свеченото затворање на Струшките вечери на поезијата, дел од улицата „Партизанска“ и Мостот на поезијата ќе бидат затворени за сообраќај утре и в недела, соопшти денеска СВР Охрид.
Мостот на поезијата ќе биде затворен од сабота во 15:00 часот до недела на полноќ.
Затворањето се прави поради традиционалната манифестација „Мостови“, која се одржува на мостот и вклучува поетски читања и врачување на наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“.