Мојсова Мијовска: Чекор по чекор, маало по маало – за Карпош кој го слуша гласот на граѓаните!

Кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош од редовите на СДСМ, Маја Мојсова Мијовска, продолжува со директни средби со жителите, овој пат во населбата Карпош 3.

„Кога сакаш вистински да разбереш што му треба на едно маало, мора да излезеш меѓу луѓето,“ порача Мојсова Мијовска, по разговорите со граѓани, кои, како што истакна, искрено ја споделиле својата љубов кон општината, но и идеите за нејзино подобрување.

Особено внимание ѝ беше посветено на средбите со сопственици на мали бизниси, кои, според неа, се двигатели на локалниот развој и вистински партнери во изградбата на подобар Карпош.

„Нивниот глас треба да се слуша, секојдневно и системски,“ подвлече таа.

Мојсова Мијовска најави дека ќе продолжи да биде на терен, меѓу граѓаните, за да ги чуе нивните потреби и заеднички да се делува за вистински и одржливи промени.

„Благодарам на сите што ме пречекаа со насмевка и идеја плус! Продолжуваме понатаму, чекор по чекор, маало по маало,“ порача таа.