Илјадници граѓани синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија на третото издание на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“. Настанот, во организација на Општина Центар, собра врвни македонски изведувачи кои создадоа незаборавна атмосфера.
Во текот на пет часа, публиката уживаше во најпознатите македонски хитови во изведба на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека не можел да замисли дека концертот ќе прерасне во традиција со толку голем одѕив.
„Овде Македонија пее и ние со неа, на бината и во публиката! Македонските уметници секогаш ја имале и ќе ја имаат мојата поддршка. Тие ја претставуваат Македонија гласно, гордо и со љубов“, рече Герасимовски.
Тој најави дека настанот ќе продолжи и следната година.