На маргините на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа одвоени средби со министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон, и со министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Јурај Бланар.
Главни теми на разговорите беа регионалната соработка и стабилноста, како и билатералните односи, за кои соговорниците нагласија дека имаат силен потенцијал за понатамошно продлабочување.
На двете средби беше потврдено сојузништвото во рамките на НАТО. Исто така, Муцунски разговараше за реформските процеси и европските аспирации на земјата, при што доби уверување за континуираната поддршка од Словенија и Словачка на тој пат.