Младата авторка Гала Матевска е добитничка на наградата „Енхалон“ за најдобра песна прочитана од млад автор на 64. Струшки вечери на поезијата. Наградата ѝ е доделена за песната „Студ“.
Според жири-комисијата, песната се истакнува со своите „цврсти поетски слики за кревкоста на телото и тежината на душата“, користејќи ја природата како огледало на внатрешниот свет. Во образложението се наведува дека песната ги истражува спротивностите, како што се тишината што зборува и тагата испреплетена со убавина.
Струшките вечери на поезијата завршија синоќа со меѓународниот поетски митинг „Мостови“ и врачување на наградите:
- „Златен венец“ за словачкиот поет Иван Штрпка.
- „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса Јулија Величковска.
- „Мостови на Струга“ за поетот Матеуш Шимчик од Полска.