Награда „Мајка Тереза“ за Борче Стаменов и д-р Ирфан Ахмети

Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутери“ и доцент д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија се добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година.

​Наградата се доделува за исклучителни достигнувања во областа на хуманоста и човечката солидарност, како и за поттикнување на меѓусебното разбирање и соработка.

​Церемонијата на доделување ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија на 26 август во 11 часот.