Повеќе од 100 навивачи на Рома беа уапсени во Ница, поради обид да предизвикаат инциденти пред фудбалскиот натпревар меѓу двата клуба во Лигата на Европа.
Според „RMC Sport“, безбедносните камери помогнале на полицијата да ги пресретне навивачите кои се приближувале кон стариот град. Полицијата запленила железни шипки и месингани боксерки.
Префектурата Ница соопшти дека уапсила 102 лица, идентификувани како „вооружени ултраси на Рома“. „Полицијата ги запре тие лица и го заплени целото оружје“, се вели во соопштението.
Поради натпреварот, е зголемено полициското присуство со околу 400 полицајци кои се грижат за јавниот ред. Забрането е консумирање алкохол на улиците, а ноќните клубови ќе се затворат порано.
Натпреварот меѓу Ница и Рома се игра вечерва во 21:00 часот.